• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
Амбасадата на Украина заедно со Здружението на Украинците „Лесја Украинка“ одржаа настан посветен на почитување на споменот на жртвите на Гладоморот од 1932-1933 година во Украина.
24 ноември 2023 15:43

Пред учесниците на настанот се обрати Амбасадорката на Украина во Република Северна Македонија, Лариса Дир: „Гладоморот беше намерен чин на геноцид врз Украинците, извршен од тоталитарната советска влада со цел да се потисне украинското национално-ослободително движење и желбата на Украинците за слобода.
државата-терорист рф продолжува со намерното и насочено убивање на Украинците, без да ја менува својата цел - уништување на Украина и на украинскиот народ.
„Ј.Сталин и неговото опкружување извршија геноцид врз Украинците во 1932-1933 година“ - еден од заклучоците на американската Комисија за Гладоморот во Украина (создадена во 1984 година во САД).
Формирањето на заклучоците на Комисијата е дел од титаничната работа на Џејмс Мејс, кој ја предводел оваа Комисија. Токму нему сме му должни, и како американски историчар кој проучувал документи поврзани со Гладоморот во Украина, собирал сведоштва на луѓе кои го преживеале овој геноцид и како личност која предложила да се воспостави Ден на национално сеќавање на жртвите на Гладоморот, како и за палењето на Свеќата на Сеќавање на прозорците“.
Беше претставена тематската изложба на фотографии „Украина памети - светот препознава!“; документарните филмови за Гладоморот од 1932-1933 година во Украина, вклучувајќи ги и „Видео историја: Зошто Гладоморот стана возможен“ и „Гладомор: благодарение на кого Украинците палат свеќа на прозорецот“.
Познатата украинска и македонска писателка Вера Чорниј-Мешкова ја претстави својата книга - македонски превод на романот „Жолтиот кнез“ од Васил Барка, посветен на националната трагедија на Украина - Гладоморот од 1932-1933 година во Украина, кој ги одзема животите на милиони луѓе и ги запозна присутните со предусловите за пишувањето на авторот на неговиот роман.
Свеќа на Сеќавањето.
Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux