Амбасадата на Украина и украинската заедница во Северна Македонија го почитуваа споменот на жртвите на Гладоморот-геноцид врз украинскиот народ, убиени со глад милиони Украинци и неродени деца.
Панихидата ја водеше Бискупот на Римокатоличката црква во Скопје и Македонската грко-католичка црква, Киро Стојанов.
На овој ден, го почитуваме споменот на сите жртви на страшната трагедија, кога гладот, вештачки создаден од тоталитарната советска влада, беше употребен како оружје за масовно уништување на украинскиот народ за да го потчини, брутално да ги потисне неговите аспирации за создавање на независна држава, да ја уништи украинската нација, нејзиниот идентитет, историја и култура.
Се сеќаваме. Се бориме.