• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
Работна посета на Скопје престојуваа членовите на парламентарната група на Врховната рада на Украина за меѓупарламентарни односи со Република Северна Македонија
11 јуни 2021 12:02

 Една од важните области на билатералната украинско-македонска соработка е меѓупарламентарната соработка, додека водечката улога во овој процес ја играат парламентарните „групи за пријателство“.
Денес,  во работна посета на Скопје престојуваа членовите на парламентарната група на Врховната рада на Украина за меѓупарламентарни односи со Република Северна Македонија, предводена од нејзиниот копретседател Валериј Зуб. Програмата за работни контакти и преговори на делегацијата со нејзините македонски колеги е богата и динамична.
Особено, на 10 јуни се одржа средба меѓу украинските парламентарци со претседателот на Собранието (Парламентот) на Северна Македонија Талат Џафери и членовите на „групата за пријателство“ со Украина. 
Страните дискутираа за идните чекори за развој на украинско-македонскиот меѓупарламентарен дијалог, како и за проширување на соработката и интеракцијата во областа на европската и евроатлантската интеграција на двете земји.
Покрај тоа, украинските депутати го претставија новиот меѓународен формат за деокупација на Крим - Кримската платформа и ја поканија македонската страна да земе учество во активностите на парламентарната димензија на оваа иницијатива. За возврат, г-динот Џафери ја повтори поканата до Претседателот на Врховната рада на Украина Дмитро Разумков да оствари официјална посета на Република Северна Македонија.



Во услови со ситуацијата со COVID-19, важно значење добива меѓународната соработка, особено меѓупарламентарната. Оваа тема доминираше за време на преговорите на парламентарната група на Врховната рада на Украина за меѓупарламентарни односи со Република Северна Македонија со членовите на Комисијата на Собранието на Северна Македонија за здравство и нејзиниот претседател Арбен Зибери, кои се одржаа денес при посетата на украинските депутати во Скопје. 
За време на состанокот, украинските депутати - членови на Комитетот на Врховната рада на Украина за национално здравство, медицинска нега и здравствено осигурување ја истакнаа важноста од интензивирање на соработката меѓу државите во трансформацијата на здравствениот систем, особено во услови на потреба од зајакнување на медицинската заштита во врска со тековната пандемија COVID-19.
За време на посетата на парламентарната делегација на Украина во Скопје, украинската делегација се сретна и со Министерот за здравство на Северна Македонија Венко Филипче. Во рамки на дијалогот, страните разменија детални информации за спроведување на масовна вакцинација во обете земји како одговор на пандемијата COVID-19.
Се договоривме за конкретни заеднички проекти во областа на здравството.






Амбасадата традиционално ги поканува украинските претставници, кои остваруваат посета на Северна Македонија да го посетат споменикот на Тарас Шевченко во Скопје.
Украинската парламентарна делегација, предводена од копретседателот на парламентарната група на Врховната рада на Украина за меѓупарламентарни односи со Северна Македонија, Валериј Зуб, која ја продолжува својата работа во главниот град, положи цвеќе на споменикот на нашиот Тарас.






Делегацијата на украинскиот парламент составена од народните депутати Валериј Зуб, Максим Перебијнис и Дмитро Наљотов оствари средба со заменик Министерот за економија Зоран Маневски.
За време на средбата се дискутираше за моменталната состојба и понатамошните изгледи за развој на украинско-македонската соработка. Исто така е важно да се продолжи со активниот развој на трговско-економската соработка, особено соработката во медицинската и туристичката сфера.
Беше истакнато значителното интензивирање на трговско-економската соработка, суштинското зголемување на билатералната трговија. 
Страните изразија уверување дека одржувањето на Меѓувладината украинско-македонска комисија за трговско-економска соработка на 16 јуни, претстојната средба на Првиот вицепремиер на Украина - Министерот за економија на Украина, Олексиј Љубченко со Министерот за економија на Република на Северна Македонија Крешник Бектеши, како и воведувањето измени и дополнувања на Договорот за слободна трговија меѓу Украина и Северна Македонија, значително ќе ја интензивираат економската соработка.
Одделно, страните дискутираа за прашања поврзани со соработката во областа на туризмот.


Во врска со посетата на украинската парламентарна делегација во Амбасадата на Украина во Скопје, се одржа свечен настан на кој, покрај украинските депутати, беа поканети членовите на парламентарната „група за пријателство“ со Украина, Собранието на Република Северна Македонија, претставници на украинската заедница „Лесја Украинка“.
Амбасадорката на Украина, Наталија Задорожњук: „Многу е пријатно да се забележи интензивирањето на односите меѓу Украина и Северна Македонија во сите сфери. Имаме интензивен политички дијалог, значително зголемување на економската соработка. Општо земено, Украина присуствува се повеќе во Северна Македонија. Ние исто така го цениме фактот дека Украина и Северна Македонија ја продолжуваат меѓупарламентарната соработка. Им благодариме на нашата украинска делегација за нејзината активност, и на нашите македонски пријатели за богатата и продуктивна програма на посетата.
Одиме напред!".
Претседателот на украинската парламентска делегација Валериј Зуб им се заблагодари на пратениците на Собранието на Република Северна Македонија и на Амбасадата на Украина за богатата и продуктивната програма на посетата на парламентарната група за соработка на Врховната Рада на Украина со Република Северна Македонија.
И ги увери во понатамошната помош од страна на украинските депутати во развојот на украинско-македонските односи.





Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux