Продолжуваме да информираме за интензивирањето на украинско-македонската економска соработка.
По пауза од повеќе од десет години, на 16 јуни 2021година, под претседателство на копретседавачите, заменик Министерот за економски развој, трговија и земјоделство на Украина - Трговскиот претставник на Украина Тарас Качка и Министерет за економија на Република Северна Македонија Крешник Бектеши, се одржа Третата седница на Меѓувладината украинско-македонска комисија за трговско-економска соработка. Околу 20 експерти од различни сектори на економијата на Северна Македонија со своите украински колеги разговараа за понатамошната соработка во економската сфера.
Во рамки на седницата на Комисијата, покрај релевантниот протокол, беа потпишани уште два важни документи:
-
Договорот меѓу Министерството за млади и спорт на Украина и Агенцијата за млади и спорт на Република Северна Македонија за соработка во областите на младите, физичката култура и спортот;
-
Договорот меѓу Државната служба на Украина за безбедност на прехранбени производи и заштита на потрошувачите и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија за соработка во областа на карантин и заштита на растенија.
Уверени сме дека денешната седница на Меѓувладината комисија ќе им даде поттик на сите области на украинско-македонската економска соработка
Не може да не не радува фактот дека напорите кои се вложуваат со цел интензивирање на економската соработка меѓу Украина и Северна Македонија даваат конкретни резултати.
Во 2020 година билатералната трговска размена беше највисока во последните 8 години, за првите 5 месеци од оваа година, трговско-економската соработка е двојно зголемена во споредба со претходниот период од минатата година.
Во првото полугодие од 2021 година успешно се спроведени:
-
Украинско-македонски туристички форум;
-
деловен состанок помеѓу Стопанската комора на Украина и трите Стопански комори на Северна Македонија;
-
потпишани се голем број меморандуми во туристичката и економската сфера.
Со цел дополнително интензивирање на економската соработка, Министерот за економија на Република Северна Македонија Крешник Бектеши одржува посета на Украина на 15-16 јуни.
На 15 јуни, првиот Вицепремиер на Украина - Министерот за економија на Украина Олексиј Љубченко одржа средба со Министерот за економија на Република Северна Македонија Крешник Бектеши.
Се дискутираше целиот спектар на прашања за економска соработка

и беа планирани конкретни проекти за реализација!