Линк: https://civilmedia.mk/spetsijalen-tribunal-za-krivichnoto-delo-agresija-na-rf/
Пишува: Амб. Лариса Дир
Вонредна и Ополномоштена Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија
Во ноќта од 15 кон 16 април 2026 година РФ изврши масовен напад врз украинските градови со употреба на балистички и крстосувачки ракети и дронови од различни типови.
Под страшни удари повторно се најдоа Кијив, Одеса, Харкив, Днипро, Запорижја, Херсонската област. Овој пат циничната наредба на военото раководство на РФ за употреба на оружје одзеде живот на 17 лица, меѓу кои и дете, додека десетици луѓе добија повреди од различен степен и трауми.
Русите, правејќи залог на војната и вложувајќи големи напори да го скршат отпорот на украинските војници на фронтот, прибегнуваат кон секојдневен воздушен терор врз цивилното население. Особено во ноќните часови руските варвари се обидуваат активно да нанесуваат удари врз станбени згради, со цел да убијат што е можно повеќе луѓе. Армијата на државата-агресор РФ продолжува со тактиката на нанесување двоен удар врз една цел (станбена зграда), кога таму пристигнуваат спасувачи, пожарникари и медицински екипи.
Руската суровост мора да биде казнета, а РФ, која незаконски сè уште го зазема постојаното место во Советот за безбедност на ООН, мора да биде повикана на одговорност.
Оценувајќи го вкупното влијание од целосната инвазија на Руската Федерација врз Украина врз човековите права и заштитата на цивилното население, Мониторинг мисијата на ООН за човекови права во Украина во февруари 2026 година констатираше дека „од почетокот на целосната инвазија на Руската Федерација во февруари 2022 година, за четири години борбени дејствија загинале повеќе од 15.000, а биле ранети повеќе од 41.000 цивилни лица, милиони луѓе биле принудени да се преселат; цивилниот имот и инфраструктурата претрпеле оштетувања и уништување. Во 2025 и 2026 година штетата врз цивилното население значително се зголеми: загинале и биле ранети повеќе цивилни лица отколку во 2023 и 2024 година, а цивилното население низ целата земја се соочи со тешки последици од непрекинати и систематски напади врз енергетската инфраструктура на Украина“.
РФ продолжува да врши злосторства и на привремено окупираните територии на Украина, со што ги крши нормите на хуманитарното право.
По почетокот на целосната инвазија, окупациската власт на РФ ја уништи украинската система на државно управување, локалните администрации, правосудството и ја „укина“ украинската образовна система.
Русите со оружје го донесоа на привремено окупираните територии на Украина „рускиот мир“, воведувајќи руски системи. Како што истакна Мониторинг мисијата на ООН за човекови права, окупациската власт на Руската Федерација на окупираната територија на Украина:
Создавањето на Специјален трибунал за кривично дело агресија против Украина за повикување на одговорност на највисокото политичко и воено раководство на РФ за овој злостор е важен инструмент за обезбедување правда и безбедност.
Договорот меѓу Украина и Советот на Европа за создавање Специјален трибунал за кривично дело агресија против Украина и неговиот Статут е повеќе од обичен меѓународен договор. Тоа е воспоставување одговорност за кремљското раководство за тоа што секојдневно се даваат наредби да се убиваат луѓе.
Украина има поддршка – државите-членки на Советот на Европа (и не само) го поддржуваат започнувањето на работата на Специјалниот трибунал, приклучувајќи се кон Проширениот делумен договор за Управниот комитет на Специјалниот трибунал. Ја цениме позицијата на Република Северна Македонија, која од самиот почеток го поддржа создавањето на Специјалниот трибунал, и се надеваме дека, како членка на Советот на ООН за човекови права, ќе го објави својот намер да се приклучи кон Проширениот делумен договор, како што тоа веќе го направија 20 држави, вклучително и 19 држави-членки на Советот на Европа. Во мај 2026 година овој Договор ќе биде ставен на гласање во Комитетот на министри на Советот на Европа. Ова ќе биде важен настан, бидејќи од времето на Нирнбершкиот процес ова ќе биде прв ваков меѓународен преседан, кој треба да обезбеди неизбежност на казнувањето на раководството на државата-агресор РФ за кривично дело на агресија.