Посилання/Линк - https://civilmedia.mk/za-potrebata-od-pomosh-za-vrakane-na-ukradenite-ukrainski-detsa-od-rusija/
Еден од клучните елементи за стабилен мир е враќањето на украинските деца, кои насилно беа депортирани во Русија.
кремљскиот режим продолжува со злосторничката пракса на принудно преселување и депортација на украински деца и на секој можен начин го попречува нивното враќање и повторното обединување со нивните семејства во Украина.
Како што е познато, на 17 март 2023 година, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на претседателот на Русија, В. Путин, и на руската омбудсманка, М. Љвова-Белова, заради незаконска депортација и присилно преселување на украински деца. Ова е меѓународно признание за злосторствата извршени од Русија, кои не смеат да останат неказнети.
Враќањето на украинските деца не е само хуманитарно прашање, туку и прашање на безбедност и правда за Украина. Без враќањето на украдените деца, не може да има праведен мир.
Иницијативата Bring Kids Back UA – пат кон враќање на украдените украински деца.
Bring Kids Back UA е национална иницијатива, покрената од Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, која ги обединува напорите на владите, меѓународните организации и граѓанското општество за враќање на децата кои беа киднапирани од Русија.
Заклучно со 25 февруари 2025 година, во Меѓународната коалиција за враќање на депортираните деца членуваат 41 земја:
Албанија, Аргентина, Австралија, Австрија, Белгија, Бугарија, Канада (копретседавач), Чиле, Костарика, Советот на Европа, Чешка, Хрватска, Данска, Естонија, Финска, Франција, Грузија, Германија, Грција, Исланд, Ирска, Италија, Јапонија, Латвија, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Малта, Молдавија, Црна Гора, Холандија, Северна Македонија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Словенија, Шпанија, Шведска, Украина (копретседавач), Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави.
Bring Kids Back UA е фокусирана на следниве клучни области:
Светот мора да се сеќава на воените злосторства на Русија и да ја поддржи кампањата за враќање на украдените украински деца.
Враќањето на секое дете е чекор кон правда, безбедност и победа на Украина.