• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
Статиja на Амбасадорката на Украина во Република Северна Македонија, Н.Е. Лариса Дир
28 март 2025 14:21

Посилання/линк - https://civilmedia.mk/najgolemata-bezbednosna-garantsija-za-severna-makedonija-e-chlenstvoto-vo-nato-i-za-ukraina-isto-taka/


Искрено ја честитам Северна Македонија, која вчера, на 27 март 2025 година, одбележа 5-годишен јубилеј од денот кога стана 30-та членка на Северноатлантското семејство.

Пред да стане членка на НАТО, Северна Македонија помина долг и сложен пат. Сепак, напорите што македонското општество ги вложуваше со години, сега се враќаат како сигурни безбедносни гаранции за земјата во денешниот исклучително нестабилен меѓународен контекст. Од друга страна, членството во Алијансата придонесува за економски развој на земјата, правејќи ја попривлечна за инвестиции и создавајќи услови за зголемување на благосостојбата на населението на Северна Македонија.

Украинците секогаш ќе ја памтат помошта што ни ја даде Република Северна Македонија уште од самиот почеток на вероломната сеопфатна воена агресија од страна на русија врз Украина. Многу сме благодарни за тоа и се надеваме на продолжување на македонската поддршка. Во соочувањето со непријател кој е посупериорен и по бројност и по техника, за Украина секој куршум, граната, мина или рачна бомба има огромно значење, бидејќи сето тоа помага да се спасат животи – не само на нашите борци на фронтот, туку и на стотици цивили, меѓу кои и деца, во мирните градови на нашата земја.

И Украина се стреми да стане полноправна членка на НАТО, како што тоа веќе успеа да го направи Северна Македонија. Членството на Украина во НАТО претставува најсигурната и најефикасната безбедносна гаранција. Украина е демократска држава која докажа дека може да го брани евроатлантскиот регион и нашиот заеднички начин на живот. Децении наназад, русија ја користеше геополитичката неизвесност што произлегуваше од тоа што Украина не беше членка на НАТО. Денес, факт е дека итна покана до Украина за приклучување кон НАТО би била одлучувачка.

За нас е исклучително важен гласот на секоја членка на Алијансата, и ние особено сметаме на поддршката од Северна Македонија, која отсекогаш искрено ги поддржувала евроатлантските аспирации на Украина.

Најголемата безбедносна гаранција за Украина е членството во НАТО.

Сакам да ѝ посакам на Северна Македонија успех во активностите во рамки на НАТО, брз економски раст, а на пријателскиот македонски народ – благосостојба и напредок, како и побрзо закрепнување на оние кои беа погодени од страшната трагедија во Кочани.

Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux