• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
Завршниот настан од двонеделниот одмор на 60 украински деца од Никополскиот реон
31 јули 2025 09:55

Во одморалишниот центар „Михајлово“ (Општина Кавадарци, Република Северна Македонија) се одржа завршниот настан од двонеделниот одмор на 60 украински деца од Никополскиот реон – регион кој секојдневно е подложен на гранатирања од страна на руските агресори.
Во рамки на настанот, Амбасадорката на Украина, Лариса Дир, им се обрати на децата со топли зборови на поддршка, нагласувајќи дека секое дете заслужува радосно детство, заштита и мирно небо без руски дронови и ракети. Лариса Дир, исто така, изрази искрена благодарност до одморалишниот центар „Михајлово“ за топлиот пречек и грижата, како и до градоначалникот на Општина Кавадарци, г-дин Митко Јанчев — за неговото лидерство, човечност и поддршката при реализацијата на овој проект.
Децата ќе се вратат дома не само со живописни импресии од природата, игрите и новите пријателства, туку и со најважното – со чувството дека не се сами – дека постојат пријатели со отворено срце подготвени да ги поддржат.
За време на одморот, децата имаа можност да уживаат во прекрасната планинска природа, чистиот воздух, да посетат музеи и културни настани.
Креативниот тим на Општина Кавадарци се грижеше за содржинско исполнување на нивниот престој, со цел да им подари радост и незаборавни впечатоци.
Искрено благодариме на градоначалникот на Општина Кавадарци, г-дин Митко Јанчев, за иницијативата, гостопримството и доброто срце. Посебна благодарност до компанијата „Кожувчанка“ и градската администрација за севкупната поддршка и организација на богата програма за децата.
Особено ја цениме веќе укажаната помош за Украина – повеќе од 170 тони питка вода за погодените региони, вклучително и Никополскиот реон, како и генератор со капацитет од 650 kW за Буча.
Овие дела се вистински израз на човечност, поддршка и пријателство меѓу нашите народи.
Благодариме за солидарноста и поддршката!
Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux