На 17 февруари се одржа исклучително важен настан за украинско-македонските односи - свеченото отворање на Почесниот конзулат на Украина во Прилеп.
Пред присутните на свечената церемонија се обратија Амбасадорката на Украина Лариса Дир, Почесниот конзул на Украина Сашо Наумоскиј, градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески, Претседателот на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“ Олександр Урбанович, претставник на Заедницата на Украинците во Прилеп Андриј Гафинец и главниот уредник на „CivilMedia“ Џабир Дерала.
Обраќајќи му се на новоименуваниот почесен конзул на Украина, амбасадорката Лариса Дир истакна: „Од сега па натаму, Вие во Северна Македонија ќе ја претставувате Украина, која на бојното поле ги штити животите на своите граѓани, го брани сопствениот суверенитет и територијален интегритет во спротивставувањето на бруталната руска агресија. Украина, на која целиот прогресивен демократски свет ѝ помага да ги одбрани заедничките европски и цивилизациски вредности“.
Амбасадорката на Украина Лариса Дир за време на својот говор, меѓу другото, истакна дека „ Северна Македонија од почетокот на војната е заедно со Украина. Хуманитарната, воената и финансиската помош од Северна Македонија е сето тоа што помага да се запре рускиот терор и да се доближи мирот.
Бранејќи го спортскиот фронт, не смееме да ги искривуваме олимписките принципи со можноста за учество на државата-терорист русија на Олимписките игри.
За време на годината на војната на рф против Украина, загинаа 228 украински спортисти и тренери. Жртвите не може да се покријат со бело знаме – нивната крв ќе го натопи знамето. руската федерација нема право на олимписки дух се додека нивната суштина е исполнета со жед за убиство и дух на омраза. “.
С. Наумоски, пак, во својот говор ѝ се заблагодари на Амбасадорката на Украина Л. Дир за укажаната доверба во него и истакна дека чесно ќе ги исполни должностите што му се доделени како Почесен конзул на Украина и достојно ќе ги брани интересите на Украина и украиските граѓани во Република Северна Македонија, а исто така ќе направи се што е можно за да се запре неоправданата руска воена агресија врз Украина.
За време на својот говор, Претседателот на Здружението на Украинците, О. Урбанович, му честиташе на новоименуваниот почесен конзул С. Наумовски за неговото именување на високата функција претставник на Украина во Северна Македонија, притоа привлекувајќи внимание на потребата од паметење на создателите на украинската држава и преку заеднички напори да се шират веродостојни информации за важните датуми на Украина, вклучително и за историјата на Револуцијата на Достоинството и подвигот на хероите на Небесните стотина кои се бореле за демократските вредности на украинскиот народ. На крајот, О. Урбанович ги повика учесниците да го одбележат споменот на хероите на Небесните стотина со минута молк.
Искрено му честитаме на Почесниот конзул на Украина Сашо Наумоски!