• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
Отворена изложба на фотографии „XXI век. Европа. Непростливо злосторство“
08 мај 2022 18:07

На 8 мај 2022 година, на Денот на сеќавањето, Амбасадата заедно со Здружението на Украинците „Лесја Украинка“, во соработка со Музејот на македонската борба, одржа свечен настан посветен на паметењето на жртвите од Втората светска војна и војната во 2022 година - војната на русија против Украина. 
Во рамки на настанот беше отворена изложба на фотографии „XXI век. Европа. Непростливо злосторство“.
На настанот присуствуваа претставници на Владата на, меѓу кои и Министерката за одбрана Славјанка Петровска, претставници на политички партии, невладини организации, шефови на дипломатски претставништва на земјите на НАТО и ЕУ, истакнати медиуми. На настанот исто така присуствуваа и украинските војници од КФОР.
Амбасадорката Наталија Задорожњук: „8 мај во Украина и во светот е Ден на сеќавање и помирување. Паметење на загинатите во Втората светска војна, во која загинаа од 8 до 10 милиони Украинци. Ние, Украинците, се сеќаваме каква страшна трагедија беше за нас Втората светска војна.
2022 година - почеток на бруталната војна на Русија против Украина. Страшни паралели: во 1945 година во четири часот наутро - нацистите го бомбардираа Кијив, на 24 февруари 2022 година - рашистите почнаа да го бомбардираат Кијив.
Војната на русија против Украина е ужасна војна, без почитување на законите за војна од страна на руските окупатори. Тие се борат не толку со војската колку со цивилното население, вршејќи воени злосторства. Геноцид во Буча, Ирпин, Гостомел. Уништување на Мариупол. Насилни убиства на цивили, силувања на жени и деца, ова се се одвива во Европа во 21 век. Но, сите ние, поточно Европејците рековме - „никогаш повеќе“. Сепак, постои земја која се смета себеси надвор од законот, над сите, смета дека има право да одлучува за другите, да ги уништува другите ако тие не се покоруваат и не сакаат да живеат според нејзините злосторни закони.
Но, ние Украинците сме херојски и храбар народ. Во време на неволја ние сме обединети, ние сме една целина. Имаме прекрасна, моќна Армија. Ние сме на наша земја и никому нема да ја дадеме.
И заедно со нашите сојузници, како што беше за време на Втората светска војна, земјите од антихитлеровата коалиција, а сега со земјите од антипутинската коалиција, ќе победиме и сега. Затоа што вистината и правдата се на наша страна“.
Ви благодариме на сите за учеството и поддршката! Заедно ќе победиме!
Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux