• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
Заедничка изјава на Mинистерот за надворешни работи Андриј Сибиґа и Mинистерот за млади и спорт Матвиј Бидниј
28 ноември 2025 19:30

Решително го осудуваме неодамнешното срамно решение на Меѓународната џудо федерација да им дозволи на руските спортисти учество на натпревари под знамето на државата-агресор.

Оваа одлука покажува целосна рамнодушност кон реалноста на руската агресија против Украина и ги доведува во прашање моралните принципи на меѓународниот спорт.

Под руското знаме во XXI век се вршат најтешките меѓународни злосторства — масовни убиства, воени злосторства, мачења, депортација на деца, уништување на градови и намерни удари врз цивилната инфраструктура. Тоа знаме е симбол на војна, терор и систематско прекршување на меѓународното право.

Допуштањето на спортисти од државата-агресор под овој симбол за време на сѐ уште активната сѐопфатна војна што Русија ја води против Украина претставува свесна легитимизација на агресорот, поттикнување на неговата пропаганда и навреда за милионите украински граѓани кои станаа жртви на руската војна.

Украина ги повикува владите, меѓународните и националните федерации и Националните олимписки комитети принципиелно да ја оценат оваа одлука и да не дозволат натамошна политизација на спортот од страна на руската пропаганда.

Украина и понатаму решително ќе ја брани својата принципиелна позиција: државата што води освојувачка војна и врши злосторства не може да има место во меѓународниот спорт под сопственото знаме сè додека злосторствата не престанат и правдата не биде воспоставена.

Го повикуваме целиот меѓународен спортски свет да покаже не декларативна, туку вистинска посветеност на вредностите на мирот и човечкото достоинство — темелни принципи на меѓународниот спорт.

Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux