На 5 април 2018 година, во Министерството за одбрана на Република Македонија, Амбасадорот на Украина Наталија Задорожњук ги претстави на Вице-премиерот, Министерот за одбрана на Македонија Радмила Шекеринска аташето за одбрана на Амбасадата на Украина во РМ Леонид Кукуруза и военото аташе на Амбасадата на Украина во РМ Георги Фалко.
Во рамките на средбата беа разгледани перспективните насоки на билатералната соработка во воената и воено-техничката сфера.
Страните го потврдија заедничкото во надворешнополитичките приоритети – членството во НАТО и ЕУ.