Во просториите на галеријата „Остен” се одржа свечено отворање на изложбата на фотографските работи на заслужениот новинар на Украина Микола Хриенко „Украинците во странство: Украинците од сибирскиот простор”, што се одржува во рамките на одбележувањето на Денот на соборноста на Украина.
Фото изложбата ја отворија Амбасадорот на Украина во република Македонија, Јуриј Гончарук, и новинарот М.Хриенко.
Отворањето на изложбата предизвика значаен интерес на македонската јавност – на настанот беа присутни претставници од министерствата и ресорите на Македонија, новинари, активисти на бројни невладини организации, претставници на разни национални малцинства во Македонија, раководството на Сојузот на фотографите на Македонија, претставници на деловните кругови и дипломатскиот кор во Скопје, со еден збор – македонски пријатели на Украина.
Изложбата на фотографиите „Украинците во странство: Украинците од сибирскиот простор» ќе трае во Скопје до 2 март.