Амбасадорот на Украина во Република Македонија, Ј.Гончарук, се сретна со претседателот на пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентот на Украина, О.Спасовски.
Беа разгледани прашањата од меѓупарламентската соработка и перспективите од воведувањето на безвизниот режим меѓу Украина и Македонија.